ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Јуве го договори Бремер, навивачите на Торино збеснаа

Навивачите на Торино збеснаа откако нивната управа се согласи еден од своите најдобри играчи да го продаде во лутиот градски ривал Јувентус.

Бразилскиот централен дефанзивец Бремер минатата сезона беше еден од најдобрите играчи во Калчото на својата позиција. Беше јасно дека после 5 години во „Граната“ ќе мора да си замине во подобар клуб, но навивачите на Торино се надеваа дека тоа нема да биде нивниот најомразен ривал - Јувентус. Токму тоа и се случи.

Интер беше во игра за неговиот потпис, но нивната финансиска понуда беше помала од онаа на Јувентус, па управата на Торино прифати Бремер да остане во градот, но да се пресели во друго маало.

Бремер мораше да ја деактивира опцијата за оставање коментари на својот Instagram профил поради разлутените навивачи на Торино кои не бираа зборови да го изразат својот револт. Потоа, својот гнев го истурија врз профилот на претседателот на клубот, Урбано Каиро, кој се согласи на продажбата.

Денеска се очекува 25-годишниот Бразилец да ги направи медицинските тестови и да стави потпис на договорот со „Старата дама“, договор кој севкупно на Торино ќе му донесе 50 милиони евра.

Не е прв пат играч на Торино да премине во Јувентус. Навивачите на „Граната“ уште не ги заборавиле „предавствата“ на Алдо Серена и Федерико Балѕарети, па јасно е дека Бремер повеќе нема да има мирен живот низ улиците на Торино.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе