Јувентус лотарија: Кои шест играчи нема да се најдат на списокот на Сари за ЛШ?

Во седиштето на италијанскиот шампион Јувентус има невообичаени проблеми. Велат дека „од вишок глава не боли“, но „Старата дама“ има вишок фудбалери, и тоа играчи кои во повеќето клубови би играле во првиот тим, или барем би биле во ротација.

Маурицио Сари се пожали во медиумите дека клубот мора „да се реши“ од шестмина играчи за регистрацијата за Лигата на шампиони.

„Понекогаш навистина се фрапирам кога читам вести. Пишувате за моите одлуки и за одлуките на Паратичи. Мора да се решиме од шест играчи за да ја задоволиме листата на ЛШ. Тие избори може да изгледаат по малку ненормално. Тоа ме става во многу тешка позиција 20 дена пред крајот на преодниот рок. Срамота е, бидејќи ризикуваме некои играчи да не настапат на многу високо ниво“, се жали Сари кој неодамна седна на клупата на Јувентус.

Италијанските медиуми веднаш почнаа да го „чешлаат“ составот на Јуве во потрага по тие шестмина кои нема да добијат карта за ЛШ.

Според нив, Сари нема да смета на Марио Манџукиќ, Марко Пјаца, Матија Перин, Лука Пелегрини, Даниеле Ругани и најверојатно на Сами Кедира.

Можно е неколкумина од фудбалерите на овој список да го напуштат клубот. Пелегрини можеби ќе замине на позајмица во Калјари, Ругани е во преговори со Рома, но на Перин му пропадна трансферот во Бенфика.

Кедира наводно останува, па Сари би можело да се ослободи од Родриго Бентакур или од Емре Џан за да му отвори место во редот за врска.

Засега не се знае што ги чека Пјаца и Манџукиќ, можно е да останат во Јувентус, но тешко дека ќе настапуваат во ЛШ.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе