Каде може да се гледа во живо жрепката за Лигата на нации?

Филип Здравески
/ 08.02.2024 / 15:22

Жрепката за четвртата сезона на Лигата на нации е денеска од 18:00 часот, а никаде нема најава за директен пренос.

Навивачите на македонската фудбалска репрезентација повторно ќе останат без директен пренос од настан што сакаат да го гледаат. Овој пат не се работи за натпревар, туку за жрепка. Вечерва Македонија ќе ги дознае противниците во новата сезона на Лигата на нации на УЕФА, а црвено-жолтите навивачи ќе мораат да гледаат на стримови.

МРТ, иако има и спортски канал (МРТ3), за денешниот ден нема никаков пренос од спортски настан. Барем така вели преограмата која самите ја објавија:

Хрватскиот SportKlub, кој се пренесува кај нас, објави дека ги има правата за преносите на натпреварите на Лигата на нации од септември, но ниту во нивната програма, на сите десетина канали, нема најава за пренос од жребувањето.

Ниту во програмата на ArenaSport нема ништо поврзано со Лигата на нации и денешното одредување на групите.

ФФМ само објави дека жрепката е денеска, без воопшто да спомене има или нема пренос.

Решение?

Со оглед на ваквиот развој на настаните, единствено решение е стримот на официјалната веб-страница на УЕФА. Барем тој никогаш не н разочарал кога станува збор за жрепки.

Стримот на УЕФА ќе биде објавен тука.

Потсетување дека Лигата на нации има 4 лиги (А, Б, Ц и Д), а Македонија се натпреварува во Лига Ц.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more
 

Спорт

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе