[Кајгана интервју] Александра Јанева: Настапите се дел од мене, сега кога ги нема чувствувам празнина

Александра Јанева многумина ја нарекуваат „девојката со ангелски глас“. Убаво изгледа, а уште поубаво пее. Се чини дека Александра ја има „добитната комбинација“ за успешна кариера, а со ваков талент сигурни сме дека ѝ претстојат уште многу достигнувања во иднина.

Си направивме опуштен и искрен муабет во време кога културно-уметничкиот живот е ставен речиси на пауза, ја прашавме да ни открие со што ќе нè израдува во иднина, колку ѝ недостасува публиката...

Познавајќи те колку си креативна, што сè успеа да направиш овој период додека бевме дома?

Периодов открив дека сум најкреативна кога го имам времето за себе на располагање, во тишина. Многу често се наоѓам себеси како лутам со мислите во потрага по нови хобија и занимливости за кои досега не сум размислувала со толкав интензитет. Но, сепак најчесто сум преокупирана со музика, со совладување на новиот инструмент кој си го имам дома - клавиновата. А, кога мелодиите ќе почнат да ви одекнуваат во глава, тогаш започнува една возбудлива приказна, мислите ги запишувате на лист хартија и на повидок е нов артистичен проект.

Дали некогаш си размислувала со која музичка ѕвезда би снимила дует?

Има многу артисти на кои им симнувам капа, им се восхитувам и секогаш со пријатно чувство ги дочекувам нивните новитети. Немам конкретна желба и идеја во моментов, но би сакала идната соработка да ми биде со македонски, машки вокал.

Remote video URL

Во кој град и пред која публика се чувствуваш најубаво кога настапуваш?

Изминативе неколку години со мојот бенд посетивме многу градови низ земјата и запознавме огромен број на публика од сите места. Со голем дел од нив, на мое задоволство, комуницирам секојдневно или пак си разменуваме пораки потсетувајќи се на сите забавни моменти од нашите настапи. Не можам да се одлучам, искрено.

Во секој град во кој сум настапувала си имам миленици од публиката и места на кои секогаш со задоволство им се навраќам.


Минатата година беше на евровизија со Тамара Тодевска. Колку ти значи и што ти донесе ова искуство?

Тоа е тоа „еднаш во животот искуство“. Прво соочување со една таква гигантска манифестација, првпат на Евровизија како дел од беспрекорен тим, прв сериозен пласман и афирмација од евровизиското жири, прво патување во Израел! Научивме колку е важно дејствувањето и претставувањето пред сериозен европски аудиториум како тим, но и колку е голема улогата на секој од нас како индивидуа. Немаше тензии, немаше несогласувања и мислам дека тоа беше мошне охрабрувачка и мотивирачка околност за да го дадеме најдоброто од нас.


Во која твоја песна најмногу се пронаоѓаш и баш онака најмногу ти лежи на душа?

Кога слушам периодично се задржувам на една песна, според тоа која од нив во моментот ја преживувам eмоционално. „Се одбирам себе“ најчесто ја има таа моќ да ми го освои срцето. Многу ретко слушам свои песни, веројатно затоа што ги преслушувам пред да бидат објавени.

Remote video URL


За крај, кажи ни: Од 0 до 100, колку многу ти недостасуваат настапите?

Премногу! Настапите станаа дел од мене и сега кога ги нема чувствувам празнина. Кога би ја опишала преку бројка, на 100-ката би ѝ додала барем уште четири нули.

П.С.: Кратка посткарантинска исповед до читателите - што најмногу ти недостасуваше додека беше дома?

Долгочасовните патувања со мојот бенд во кои уживам и секако среќните, насмеани лица на публиката кога ќе се качам на бина и ќе почнам да пеам.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Интервју

Марија Велинова: Доста беше „на ти го-дај ми го“, да го разбиеме елитниот круг во културната фела

Read more

Интервју со Афродита Салихи - фудбалерката рекордер

Read more

Катарина Луа ван Хоф: Книжевната фикција е суштинска за зачувување на слободата и сè што е убаво во светот

Read more

Здравка Евтимова: Талентот на писателот умира ако писателот пишува лаги

Read more
 

Ново

Почна производството на приватната вселенска станица Starlab, лансирање во 2028 година

Читај повеќе

Јамал: Барселона е фаворит за освојување на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Апасиев бара оставка од Тошковски по пожарот во Кочани: Фалц-лиценцата е обновена во ваше време

Читај повеќе

Помалку познати симптоми кои укажуваат на анемија

Читај повеќе

Middle East Eye: Емиратите тајно лобираат за раселување на Палестинците од Газа

Читај повеќе

Астероидот 2024 YR4 повеќе не претставува закана за Земјата

Читај повеќе

АВМУ: Медиумите да не прават сензација од известувањето за погребите на жртвите во пожарот во Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow

Како печурките помагаат за топење на масните наслаги?

Читај повеќе

Адвокатот Марјан Витановски се откажа од одбраната на Љупчо Палевски Палчо

Читај повеќе