Како да го преживеете поместувањето на часовникот ако сте родители на мали деца?

Еден час можеби нема да направи голема разлика за возрасните, но есенската временска промена може да биде особено тешка за децата, велат педијатрите.

Стрелките на часовникот ги поместуваме двапати годишно за да се адаптираме на летното и на зимското сметање на времето. Ако немате деца, веројатно утринава сте спиеле уште еден час повеќе, но повеќето родители можеби го немале тој луксуз.

Според педијатарот Мишел Карабало, еден час можеби нема да направи голема разлика за возрасните, но есенската временска промена може да биде особено тешка за децата.

„Нарушувањето на ритамот на спиење кај децата може да резултира со раздразливост, хиперактивност, тешкотии со вниманието и концентрацијата“, вели таа.

Ги советува родителите да им помогнат на децата да се справат со временските промени со применување навики кои резултираат со добар сон. Тоа значи дека децата треба да воспостават рутина пред легнување.

„Рутината треба да започне веднаш по вечерата со исклучување на сите електронски уреди како телевизор, мобилни телефони и таблети. Ако детето е будно, може да му читате книга или тивко да си игра. Рутината може да вклучува капење, облекување пижами, миење заби и читање приказна за добра ноќ. Малите деца се мајстори за одолговлекување и знаат да ги поместат границите за да го постигнат тоа што го сакаат. Родителите не треба да попуштаат“, вели докторката.

Создадете здрава средина за спиење

За квалитетен сон потребно е да ги чувате електронските уреди надвор од собата на вашето дете бидејќи тие можат да поттикнат игра и да го вознемируваат детето додека заспива.

Внимателно адаптирајте ја рутината пред спиење

Експертите советуваат децата да почнат да се навикнуваат на промената на зимското сметање на времето недела или две претходно така што ќе ги легнувате секоја вечер 10 минути порано од вообичаеното. Доколку не сте успеале во ова, можеби денес е денот кога би било погодно да го прескокнете попладневниот одмор.

На крајот, колку и да се трудите, децата можат со недели да се будат прерано. Наместо викендов да сте спиеле еден час подолго, ќе почувствувате хроничен замор и недостиг на сон.

Не се вознемирувајте бидејќи сепак на крајот ќе усвоите нова рутина.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе