Како да му кажете на партнерот дека сексот не е добар?

На повеќето луѓе им се има случено да доживеат сексуално искуство што не ги задоволило нивните потреби, било здодевно, неинвентивно, без кулминација. Една колумнистка го спореди незадоволителното сексуално искуство како „гитарско соло“ на партнерот со кој имала секс за една вечер.

Најчесто ваквите искуства биле резултат на секс за една вечер или на почеток на врската што не продолжила понатаму поради лошиот секс, па сте немале потреба да му кажете на другиот дека сексот бил разочарување. Но што кога сексот не го бива во врска? Понекогаш сексот не е добар од самиот старт, а понекогаш почнува да станува лош со тек на време, иако сте почнале добро.

Обично со продлабочувањето на врската, се интензивираат и емоциите и интимната поврзаност меѓу партнерите, а тоа значи и дека сексот станува подобар, поинтензивен и поквалитетен.

Но, што да правите кога тоа не се случува? Како да му кажете на другиот дека не сте задоволни од вашиот сексуален живот без да му ги повредите чувствата и да ѝ наштетите на врската?

Најдобар одговор на овие прашања дава сексологот, секс едукатор и писателка Керол Квин.

„Кога сексот не е добар има многу можни причини, па најдобро место од каде треба да го почнете разговорот е: Дали знаете кој е проблемот?“, вели Квин.

Можеби имате различни преференци за интензитетот и колку често имате секс, во споредба со она што го сака партнерот, не можете да постигнете оргазам, можеби партнерот не ви одговара сексуално како претходните партнери, можеби не ви се допаѓаат истите сексуални дејства со него, а кои „функционирале“ претходно.

Квин вели дека е многу битно да продрете длабоко во причините за незадоволството за да може да дојдете до решение.

„Некогаш не ни знаеме што ни се допаѓа, а што не, и дозволуваме партнерот да ја води играта цело време. Сите овие сценарија водат кон исто решение: Зборувајте за тоа!“, вели таа.

Како да го почнете разговорот?

Генерално, не е добра идеја да го почнете да давате фидбек за сексот за време на чинот или во кревет, освен ако веќе не сте прилично комуникативна личност за време на секс, па давате насока или предлагате нешто ново.

Ако давате критика за време на секс, ризикувате да наидете на дефанзивно однесување од партнерот. Квин вели дека повеќето луѓе инстинктивно ја префрлаат вината за незадоволството на партнерот, а не е целиот проблем во него и она што го прави. Таа предлага да договорите конкретно време кога интимно, смирено и со аргументи ќе го изложите вашето мислење и ќе ставите до знаење дека ова го правите за доброто и иднината на врската.

Ако не сте навикнати да зборувате за сексот, навлезете во темата постепено.

„Зборувајте општо на тема секс, за сцени со секс во книги, филмови, за некој текст поврзан со секс што сте го прочитале, за да ја поставите основата и да видите какви се размислувањата, сознанијата и идеите за сексот на партнерот. Кога ќе ви стане нормално да зборувате за сексот генерално, ќе ви биде полесно да зборувате за сексот лично, за вашите чувства, искуства и желби“, предлага Квин.

„Ако партнерот не сака да ве ислуша, не сака да разговара или смета дека тоа не е важно, тогаш најеројатно не сте со вистинската личност и имате поголем проблем од лошиот секс“, предупредува Квин и предлага да побарате помош од терапевт за двојки ако сте решени да ја зачувате врската.

Квин нагласува дека кога зборувате за секс со партнерот, треба да земете предвид претходни искуства на партнерот, како сексуално злоставување во минатото, депресија, болести, зависности и други проблеми што би влијаеле на партнерот и следствено на вашата врска.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе