Како да препознаете дека сте во врска со емоционален манипулатор?

Понекогаш може да бидете повредени многу лесно. Затоа, подобро е на време да ги препознаете знаците дека сте во љубовна врска со емоционален манипулатор.

Како да препознаете дека сте во врска со емоционален манипулатор?

Заведување

Доколку привлечете внимание на некој маж, тој ќе се потруди да ве освои уште на првиот состанок. Но, доколку имате врска со емоционален манипулатор, веќе на првиот состанок ќе слушнете изјави како што се: „секогаш ќе бидам со тебе“; „ти си најубавата жена на светот“; „никогаш не сум се чувствувал вака“; „никоја не ми се допаднала толку како ти“. 

Факт е доколку некому навистина му се допаѓате, нема да ви кажува вакви работи уште на почетокот за да не ве исплаши. 

А манипулаторите ќе направат сè за да ве освојат и да звучат што поубедливо.

Премногу брза

Веќе сте биле на неколку состаноци и сте вљубени до уши. Тој е романтичен, ви изјавува љубов, а и сексот е одличен. Вие сте вљубени, а тој е упорен со плановите за иднината. „Едвај чекам да почнеме да живееме заедно“ звучи одлично доколку подолго време сте заедно, но ако тоа го изговори некој со кој се гледате толку кратко време, треба да размислите двапати со каква личност излегувате.

Без граници

Можеби е подобро да не постојат ограничувања помеѓу вас, но всушност границите се потребни за да не се изгубите себеси во врската.

Но, вашиот емоционален манипулатор нема граници. Ако вие се обидете да ги поставите, тој брзо ќе го загуби интересот. Неговата единиствена цел е да ве искористи за да ги задоволите сите негови емоционални потреби и не му е важно како ќе се чувствувате.

Сексуална контрола

Прво сексот беше возбудлив, неверојатно добар, се чувстувавте поврзано и сакано. Но, сега кога е сигурен дека сте негова, не водите љубов толку често. Можно е да инсистира да имате секс кога сте нерасположени или уморни, а кога ќе сакате вие, ќе ве обвини дека премногу барате.

Контрола

Досега и сами увидовте дека нешто не е во ред. Немате контакт со вашите пријатели со кои редовно се гледавте и се оддалечивте од сите. Неговиот шарм сè помалку го забележувате затоа што веќе ги задоволивте неговите потреби и желби.

Доколку препознавте некои од овие знаци, подобро да излезете од ваквата врска затоа што ништо нема да се промени во иднина.

реклама

Љубов и секс

Секс секој ден, дали е тоа нормално?

Read more

Среќни во љубовта: Ѕвездите им се наклонети токму на овие хороскопски знаци

Read more

Ем лоши, ем опасни: Најлошите совети за секс

Read more

Дома или надвор: Како местото на кое имате секс влијае на вашето расположение?

Read more

Магазин

Неверојатни факти за животот во Шведска

Читај повеќе

Што ако некој кивне или се искашла покрај вас, а вие немате маска?

Читај повеќе

Секс секој ден, дали е тоа нормално?

Читај повеќе
  • filter

Во Мексико пронајдени коски на 200 мамути стари 15.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Џинови во реалниот свет за кои тешко ќе верувате дека навистина постојат

Читај повеќе
  • play_arrow

Хоакин Феникс и Руни Мара станаа родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Кои се најбогатите славни личности во изминатата деценија?

Читај повеќе

Среќни во љубовта: Ѕвездите им се наклонети токму на овие хороскопски знаци

Читај повеќе

Ручек за вистински гурмани: Печени кременадли

Читај повеќе