Иако губењето килограми може да биде предизвик, особено кога не сакате да се откажете од коктели со пријателите или вашето омилено црвено вино на романтичен состанок, експертите велат дека е можно сепак да уживате во алкохолот и истовремено да ги постигнете вашите цели за слабеење.
Како и со секој успешен режим за слабеење, важно е да се направат потребните прилагодувања во исхраната, физичката активност и начинот на живот. Редовното вежбање, придржувањето до здравите животни навики и консумирањето исхрана богата со зеленчук, овошје, посни протеини и цели зрна е одличен почеток.
Успешното и одржливо губење на тежината бара и откажување од нездрави навики кои ве спречуваат да постигнете резултати. На пример, прекумерното консумирање алкохол не само што може да ве одведе од вистинскиот пат, туку е и штетно за вашето целокупно здравје.
Но, добрата вест е дека има паметни начини како сепак да уживате во алкохолот без да се доведете во ситуација да не можете да изгубите тежина.
Се разбира, умереното консумирање алкохол е клучно, но со овие седум начини ќе можете да изгубите килограми без да се откажете од алкохолот.
Пред да почнете да пиете, утврдете го бројот на пијалаци што ќе ги испиете. Ова ќе го олесни поставувањето ограничување и ќе ја знаете вашата граница кога се нарачуваат и споделуваат пијалаци.
„Препорачуваме да го ограничите алкохолот на еден до два пијалаци на вечер“, пишува Eatthis. „Ќе заштедите стотици калории во споредба со она што просечниот човек обично го пие во една вечер“, додаваат тие.
Што е правилото „секоја втора“? После секоја алкохолна пијачка што ќе ја испиете, пијте безалкохолен пијалак со помалку калории. На тој начин ќе консумирате помалку алкохол во текот на вечерта, а сепак ќе уживате во нешто вкусно (без големиот број на калории)!
Уште еден совет - јадете зеленчук и протеини пред да одлучите да пиете со друштво.
Имено, влакната и протеините го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно и помагаат да се чувствувате сити. На овој начин, помала е веројатноста да донесувате лоши одлуки за храната и пијалаците.
Иако ова е многу јасно, луѓето често забораваат на оваа инструкција. Направете си услуга и одберете светло, нискокалорично пиво. Не сите пива имаат ист број на калории, а со избирање на светло пиво, можете да ги намалите калориите за една третина, па дури и за половина.
Алкохолот треба да го уживате како десерт, а не да го третирате како предјадење. Ако ја започнете вечерта со алкохол, пред да јадете нешто, многу побрзо ќе ги почувствувате ефектите. Исто така, ако почнете да пиете алкохол подоцна, ќе ви останат помалку часови за пиење, што ќе ве спречи да претерате со алкохолот.
Кога сте расположени за вино, изберете просеко или шампањ! Во споредба со другите вина, просеко има помалку калории, приближно 90 во чаша вино во споредба со 125 во повеќето други вина. Повеќето мешани пијалаци имаат околу 300 до 600 калории.
Држењето до стандардните чаши за вино е паметен потег. Кога користите поголема чаша, лесно е да се занесете и да испиете двојно повеќе вино иако тоа всушност е само една чаша.