Како Џил Бајден „тивко“ ја смени улогата на прва дама на САД?

Џил Бајден се залага за вакцини против коронавирус и учествува на политички собири, но само кога распоредот на предавања на колеџот тоа ѝ го дозволува.

На, за неа својствен, ненаметлив начин Џил Бајден ја менува традиционалната улога на првата дама на САД.

На неодамнешниот погреб на поранешниот гувернер, претседателот Џо Бајден мораше да се извини за отсуството на неговата сопруга.

„Џил не е овде со мене денес бидејќи е на предавање, таа работи со полно работно време на колеџот Северна Вирџинија“, рече претседателот.

Најавата од почетокот на студентската година дека Џил Бајден продолжува да предава на факултет се најде на насловните страници на американските весници. Никогаш порано една прва дама на САД немала кариера надвор од Белата куќа.

Седумдесетгодишната Џил се омажила за Џо Бајден во 1977 година. Тогаш тој бил вдовец со два мали сина. Двојката подоцна добила ќерка.

Како член на Националниот сојуз на наставници и доктори на науки, таа продолжи да предава дури и кога нејзиниот сопруг беше потпретседател на Барак Обама.

Како и повеќето професори во САД, таа предаваше преку настава на далечина за време на локдаун мерките, а часовите во живо почнаа повторно есенва. Џил Бајден моментално предава англиски два дена во неделата. Кога не е на факултет, можно е да ја видиме со претседателот на приватни и јавни настани, но сѐ почесто и сама на говорницата.

Вакцинација

Првата дама патува низ земјата и ги повика Американците да се вакцинираат против коронавирусот и бидејќи се одобрени вакцини за тинејџери и деца, таа исто така апелира да се вакцинираат и тие.

Таа исто така водеше кампања за демократскиот кандидат на локалните избори, присуствуваше на Олимпијадата во Токио и беше видена во кафуле со Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, за време на дипломатската криза меѓу Париз и Вашингтон.

„Таа во последно време го забрзува темпото на нејзините јавни настапи“, вели Тами Виџил, вонреден професор по медиумски науки на Универзитетот во Бостон.

Се очекува првите дами во модерното време да бидат повеќе вклучени во јавните активности. Џеки Кенеди се обиде да го зачува американското културно наследство и ја преуреди Белата куќа. Ненси Реган водеше кампањи против дрогата, а Мишел Обама промовираше здрава исхрана и вежбање.

Спротивно на тоа, „Меланија Трамп се најде во неволја бидејќи не учествуваше доволно во јавните активности“, рече Виџил.

За разлика од Мишел Обама, која мораше да се справи со расистички и сексистички напади, Џил Бајден досега беше главно поштедена од вербална агресија, дури и за време на денешните тензии во политичкиот свет.

Модни промашувања

Сепак, таа беше мета на медиумите. Откако беше видена облечена во црно кожено здолниште и дезенирани хулахопки, CNN објави колумна во која ја повика да биде повоздржана кога се во прашање модните комбинации.

„Дел од нејзината работа како прва дама е да изгледа достоинствено. И елегантно“, напиша психологот Пеги Дрекслер.

И покрај тоа што ги поместува границите на нејзината улога, во исто време се грижи првата дама на САД да нема службени овластувања или должности и отворено да не се меша во политиката.

Иако на животот на американскиот претседател и улогата на првата дама сѐ уште се гледа конзервативно, Виџил истакна дека дел од администрацијата на Бајден ги поместува границите во друга насока. Негов потпретседател е Камала Харис, првата жена на функцијата, а нејзиниот сопруг е првиот „втор господин“ на САД. А тука е и министерот за транспорт Пит Бутиџиџ, кој секогаш со задоволство зборува за близнаците што ги има со сопругот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе