Легендарниот американски спортски автомобил Chevrolet Corvette е еден од автомобилите кои ја одбележаа автомобилската индустрија во втората половина на 20-тиот век.
Овој модел наскоро полни 65 години, а по тој повод Cars Evolution направи интересно видео кое прикажува како Corvette се менуваше во текот на 7 генерации и 65 години, но и колку е стара секоја од верзијата и колку чинела кога се појавила на пазарот.