Како ќе изгледа третата сезона на The Witcher?

Објавен е првиот трејлер за третата сезона од серијата The Witcher, последната во која ќе го гледаме Хенри Кавил.

Сè поблиску сме до датумот кога третата сезона од серијата The Witcher ќе биде објавена на платформата Netflix, а сега компанијата го објави првиот трејлер на својот канал на YouTube. За жал, гледачите нема да можат целосно да уживаат во новата сезона, бидејќи таа ќе биде поделена на два дела - пет епизоди во јуни и три во јули.

Сепак, првиот поглед на новата сезона го означува и почетокот на крајот за Хенри Кавил во улогата на Гералт, бидејќи од четвртата сезона ќе биде заменет со Лијам Хемсворт. Иако Кавил е светлата точка на серијата, чиј рејтинг по многу успешната прва сезона (90%) падна на 58% во втората на сајтот Rotten Tomatoes, многумина се убедени дека главниот актер ја напушта серијата поради незадоволство од креативните одлуки и оддалечувањето од изворниот материјал.

Останува да видиме како ќе им се допадне на гледачите новата сезона, но се чини дека гледаноста нема да биде поволна.

Изјавите на продуцентот дека новата сезона „нема внимателно да ги следи книгите“ ги разбесни фановите, кои своето незадоволство го изразија на социјалните мрежи.

„Не знам зошто овие сценаристи мислат дека можат да завршат подобра работа од книгите“, напиша еден корисник на Reddit.

„Ако сакате да земете популарен книжевен серијал за да заработите пари, барем држете се до оригиналниот материјал“, вели друг корисник.

„Хенри е буквално совршен за улогата на Гералт. Би сакал HBO да ја прават серијата наместо Netflix“.

Првиот дел од третата сезона пристигнува на 29 јуни, додека вториот дел ќе можеме да го погледнеме на 27 јули. Подолу можете да го погледнете трејлерот за новата сезона на серијата The Witcher, а под него deep fake видео во кое лицето на Хенри Кавил е заменето со новиот актер за да ви даде идеја што да очекувате.

Remote video URL
Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе