Како ќе се отвораат границите низ Европа и кога?

Отворањето на границите на ниво на ЕУ и Европа воопшто е главна тема во развојот на состојбата со пандемијата на COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче синоќа изјави дека нашата земја сега прави координација на ниво на околните земји и дека сме во секојдневна комуникација со Албанија, Грција и Бугарија во однос на тоа како ќе се одвива отворањето на границите. Еден од предлозите е од следната недела да се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен, економски интерес, во рамките на овие земји, а понатаму во периодот кој следи, по 15 јуни, границите и целосно да се отворат, рече министерот.

Со ублажувањето и укинувањето на рестриктивните мерки воведени за заштита од ширење на коронавирусот, земјите низ ЕУ почнаа со отворање на границите или барем преговараат за тоа. Минатата недела 11 земји членки на ЕУ – Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија – се согласија да се постават правила со цел да се дозволи патување преку границите со најмал ризик за заразување со COVID-19.

Грција ќе ги отвори границите на 15 јуни, но само за граѓаните на Германија, Израел, Кипар, балканските и балтичките земји. На туристите ќе им биде дозволено да влезат во Грција без негативен тест за COVID-19 или задолжителен карантин, откако ќе се обноват меѓународните летови на 1 јули.

Бугарија најави дека ќе ги отвори границите за Србија и Грција од 1 јуни.

Хрватска повторно ја отвори својата граница со Словенија во средината на мај, а утре, 29 мај, се очекува тоа да го направи и со границите кон Австрија, Чешка, Унгарија и Словачка.

Унгарија ја отвори границата со Романија, а следи отворање и кон Словачка и Чешка, но со ограничувања.

Италија планира повторно да ги отвори границите на 3 јуни за граѓани на ЕУ, Велика Британија, Монако, Андора и земјите од Шенген зоната.

Шпанија ќе ги отвори границите за туристи од 1 јули.

Франција ќе ги остави границите затворени најмалку до 15 јуни, освен за граѓани на ЕУ со место на живеење во Франција, за сезонски работници и граѓани на ЕУ кои работат во Франција.

Во Германија, проверките на границите со Австрија, Швајцарија, Франција и Данска, како и за патниците кои авионски доаѓаат од Италија и Шпанија, остануваат на сила до 15 јуни.

Границите на Велика Британија се отворени. Од 8 јуни посетителите од странски земји ќе мора да останат во 14-дневен карантин по влегување во земјата.

Австрија планира целосно да ја отвори границата со Германија на 15 јуни.

Чешка од 26 мај ги отвори границите со Германија и Австрија, а од 27 мај со Словачка и Унгарија, но со ограничувања.

Холандија ги отвори ганиците само за патници во Шенген зоната, но советува да се одбегнуваат непотребни патувања.

Белгија и понатаму ги држи границите затворени.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе