Роботизацијата зема замав.
Во Кина дошле до заклучок дека нема смисла да ангажираат работници за да управуваат со „пајакот“, бидејќи целиот процес може да се роботизира. Во видеото го гледаме ефектот од оваа роботизација.
Под автомобилот има специјална платформа која ја прилагодува својата големина според големината на автомобилот, ги блокира тркалата и потоа се крева така што автомобилот го губи контактот со земјата. Вака подигнатиот автомобил се носи одпаркингот и не знаеме што се случува со него потоа.
Корисниците на Reddit предлагаат автомобилите да се носат на полицискиот паркинг.