Како најлесно да си ја закопаш градоначалничката кариера?

Градоначалникот на Денвер упати апел жителите да останат дома за Денот на благодарноста, а веднаш потоа се качи на авион за да присуствува на семејна прослава.

Мајкл Хенкок даде вистински пример како не треба да се однесува еден градоначалник. Откако јавно апелираше до жителите на Денвер да не се собираат за прослава на Денот на благодарноста, за да не се шири коронавирусот, самиот постапи токму спротивно на тоа што го побара.

„Организирајте виртуелни собиранки наместо да се собирате за вечера. Избегнувајте да патувате. Купувајте онлајн“, се дел од пораките кои тој ги напиша воочи празникот, за потоа да се качи на авиот и да летне на семејна прослава.

URL

Само половина час откако твитна, Хенкок се качил на авион и заминал за Мисисипи за со својата фамилија да го прослави истиот празник. Таквиот потег на градоначалникот предизвика лавина од негативни реакции кај Американците, за потоа бадијала да се извинува и сано повеќе да ги разлути гневните граѓани кои останале дома слушајќи ги неговите апели.

„Очигледно мојот потег разочара многумина кои веруваа дека е подобро Денот на благодарноста да се мине сам. Како јавен функционер чие однесување со право се става на тапет поради примерот кој го дава, им се извинувам на жителите на Денвер кои мојот потег го гледаат контрадикторен со апелот да се остане дома освен за неизбежни патувања“.

Тоа не ги смири стратсите бидејќи жителите на Денвер го обвинија дека е хипокрит кој на нив им наметнува правила кои самиот не сака да ги следи.

URL

Но, Хенкок продолжи да се правда, па очигледно ова ќе му биде последен мандат како градоначалник, бидејќи против народот не се оди.

„Она што не го кажав, а требаше, е дека мојата сопруга и ќерка се во Мисисипи каде ќерка ми скоро се вработи. Како што се наближуваше празникот, одлучив дека ќе биде побезбедно јас да отпатувам кај нив наместо тие две да дојдат во Денвер“, твитна тој.

URL
URL
URL

Додатно, тој на вработените во градските установи и поставил и услов дека доколку отпатувата, по враќањето ќе мора да бидат ставени во карантин. Затоа со право сите се прашуваат дали Хенкок ќе биде ставен во карантин кога ќе се врати во Денвер?

URL

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе