Како пиењето шолја незасладено кафе дневно му помага на телото?

Пиењето дополнителна шолја незасладено кафе секој ден е поврзано со намален ризик од зголемување на телесната тежина во период од 4 години, тврди новата студија објавена во The American Journal of Clinical Nutrition на 1 октомври.

Сепак, овој ефект може да се промени ако додадете лажичка шеќер во топлиот пијалак. Додавањето „немлечни производи“ не влијаело на тежината, се вели во објавениот извештај.

Истражувачите од Одделот за исхрана при Факултетот за јавно здравје „Харвард Т.Х. Чан“ во Бостон собрале податоци од три потенцијални кохортни студии: Студија за здравје на медицинските сестри (1986-2010), Студија за здравје на медицинските сестри II (1991-2015) и Последователна студија за здравствените работници (1991-2014).

Истражувањето е фокусирано на врската помеѓу навиките за консумирање кафе и промените во телесната тежина во текот на 4 години. Учесниците пополнувале прашалници за храната и пијалаците што ги консумираат.

Истражувачите ја анализирале потрошувачката на кафе со кофеин и без кофеин и разглобувале дали пијалаците се подготвуваат со шеќер или крем, се вели во студијата.

Овие врски помеѓу консумирањето кафе и шеќер и промените во телесната тежина биле позначајни кај помладите учесници и кај оние за кои се сметало дека се со прекумерна тежина или дебели.

Одамна е познато дека зголемениот внес на топол, нискокалоричен пијалак може да ја подобри телесната тежина, бидејќи зголемувањето на количината на течност, особено топла течност, може да го подобри чувството на ситост, што може да доведе до помал вкупен внес на калории за време на еден ден.

Додавањето шеќер може да ги негира придобивките за губење на тежината поврзани со кафето, бидејќи шеќерот може да биде извор на дополнителни калории без да се чувствувате сити.

Тагови
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Здравје

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Read more

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Read more
 

Магазин

Денес е најдепресивниот ден во годината: Зошто овој понеделник е критичен?

Читај повеќе

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Читај повеќе

Најдобриот вид чај за регулирање на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе

Како јадењето премногу здрава храна може да го попречи слабеењето?

Читај повеќе

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Читај повеќе

Храна што предизвикува проблеми со варењето

Читај повеќе

Кога е најдобро да пешачите за намалување на крвниот притисок?

Читај повеќе

Само една урма секое утро може да има исклучително корисен ефект врз телото

Читај повеќе