Како Роналдо доминира на теренот и на 34 години?

Португалецот летово направи трансфер од Реал Мадрид во Јувентус, со што покажа дека иако е длабоко навлезен во четвртата деценија од животот, сепак нема намера да застане. Тој и понатаму доминира и го предводи неговиот нов тим до победи.

Долготрајниот успех на Кристијано Роналдо не е случаен. Напротив, тој постојано потенцира дека секојдневно работи на себе не само за да се задржи во форма, туку и да ја подобри неговите квалитети.

Иако сега има 34 години, Роналдо и понатаму тренира како и првиот ден, со што само ја покажува неговата професионалност. Тренизните резултираат во одлична форма и тој веќе успеа да постигне 15 гола во Серија А.

Португалецот тренира и кога е на одмор. За него не постои целосно слободен ден бидејќи знае дека ако се опушти – тогаш конкуренцијата полесно ќе го стигне. За неговата посветеност на тренинзите говори и приказната на неговиот братучед Нуно Ривеирос, кој раскажува за деновите на Роналдо додека тој уште беше во дресот на Манчестер Јунајтед.

„Знаете ли што направи по финалето од ЛШ во 2008? Отиде да тренира. Отиде да направи тренинг еден ден откако стана европски шампион. Наместо да слави заедно со неговите соиграчи, тој на 23-годишна возраст реши да работи на себе. Тоа е Роналдо, вистинскиот син на Мадеира“, вели Вивеирос.

Португалецот постојано ги воодушевува дури и најдобрите кондициони тренери, кои упорно потенцираат колку е тој напреден во однос на сите останати фудбалери. Кога ги поминуваше медицинските прегледи во Јувентус, докторите рекоа дека тој има тело на 22-годишник и најниско ниво на маст во крвта од сите фудбалери кои ги тестирале досега.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе