Како сексуалниот однос да трае подолго?

Колку долго би требало да трае сексот за да биде задоволителен, е прашање на кое е невозможно да се одговори. Доколку сте во кревет со некој кој ве возбудува, оргазам ќе доживеете многу брзо. Доколу сте веќе некое време во врска со партнер кој го сакате, во сексот веројатно ќе можете да уживате подолго.

Од друга страна, стабилните врски имаат една предност: се сакате и се познавате доволно добро, па точно знаете што го возбудува партнерот. Знаете точно што и кога треба да направите и сексот со кој и двајцата ќе бидете задоволни трае во просек помеѓу пет и дваесет минути.

Мажите генерално полесно и побрзо се возбудуваат од жените и како последица на ова побрзо и полесно доживуваат оргазам. Па, еве како наредниот пат да трае подолго:

ДВАЈЦАТА БИ ТРЕБАЛО ДА…

разговарате. Запознајте си ги навиките и желбите со личноста со која сте во врска. Важно е и да научите да го препознавате степенот на возбуда кај партнерот.

… дозволите степенот на возбуда да го диктира темпото. Доколку тој е речиси готов, а вие само што сте почнале да се „загревате”, сопрете. Сега, целото внимание нека биде насочено само кон вас.

… менувајте го начинот на стимулација. Менувајте пози, менувајте место, менувајте начин. 

ТАА БИ ТРЕБАЛО ДА…

… преземе водечка улога. Со други зборови, да биде одозгора. Во оваа поза, жената го контролира и степенот на пенетрација и нејзиниот интензитет, а при тоа постојано има поглед кон лицето на партнерот, па може движењата да ги прилагоди со неговиот степен на возбуда. Доколку видите дека оди кон оргазам, успорете малку.

… да иницира секс почесто. Логиката е едноставна: колку почесто имате секс, толку повеќе ќе може да се контролира.

… да научи што ја возбудува до оргазам. Експериментирајте, пробувајте нови пози, сè додека не утврдите што е тоа што ве води до оргазам. И што почесто го правите тоа, толку полесно ќе биде.

ТОЈ БИ ТРЕБАЛО ДА…

… одбере и друга поза освен онаа која му е омилена. Сексот во одредени пози озвозможува интензивна стимулација. Доколку сакате да го одложите оргазмот, бирајте пози во кои стимулацијата е послаба. Ова се однесува и на визуелниот ефект.

… да забави малку. Најубавото чувство е во онаа фаза кога сте пред граница на оргазам. Експериментирајте и научете да ја продолжите.

… да оддвои малку време за мастурбација. Повеќето мажи имаат подобра контрола во сексот доколку во текот на денот пред сексот веќе ејакулирале.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе