Здравје

Како влијаат оптимизмот и песимизмот на нашето здравје?

10. октомври 2019 - 9:32 | Б.С.Б.

Луѓето со позитивен поглед на светот веројатно поретко ќе се соочат со срцев или мозочен удар од песимистите, а и подолго ќе живеат од нив, покажува најновото истражување.

Во анализата, втемелена на претходни истражувања, научниците истражувале податоци од 15 студии во кои биле вклучени околу 230.000 луѓе, следени во просек околу 14 години.

Во текот на тоа време, луѓето со најголем оптимизам имале 35 проценти помалку шанси од најголемите песимисти за срцев или мозочен удар, а 14 проценти помалку изгледи да починат од некоја друга причина.

„Резултатите сугерираат дека позитивното и негативното размислување не само што влијаат на квалитетот на животот туку можат да бидат поврзани и со здравјето“, вели Алан Розански, автор на студијата и научник во Icahn School of Medicine во Њујорк.

Оптимистите имаат позитивни здравствени навики кои им помагаат да живеат подолго. Тие подобро се хранат, повеќе вежбаат и помалку пушат од песимистите, а имаат и подобри начини на носење со проблемите. Низ тешките животни ситуации минуваат без да ги променат добрите навики во нездрави.

Спротивно од тоа, песимизмот може да поттикне почести воспаленија и да ги направи луѓето подложни на развој на метаболички нарушувања кои можат да го скратат животот.

Коментирај