Каква била Земјата во времето на диносаурусите?
Пред приближно 252 милиони години, биосферата на Земјата претрпела огромен удар. Речиси 96% од морската фауна, околу 70% од копнените 'рбетници и приближно 83% од инсектите изумреле во период кој е навистина краток според геолошките стандарди. Причините за оваа катастрофа сè уште се нејасни, но што и да била, страшната несреќа не го избришала животот од лицето на Земјата - напротив, таа се покажала како пресвртница што го означила почетокот на новата ера. Тоа е моментот кога се појавиле најпознатите праисториски суштества - диносаурусите.