Каква е кашлицата поврзана со COVID-19 и кога треба да посетите лекар?

Кашлицата може да биде симптом на различни здравствени состојби, а колку долго ќе ве мачи често зависи од причината.

Националниот институт за срце, бели дробови и крв на САД ја опишува кашлицата како природен рефлекс на телото што спречува иритација на дишните патишта. Иритацијата може да биде предизвикана од чад, слуз или шлајм, мувла, прашина, полен или други алергени. Ако телото не се ослободи од супстанциите што ги иритираат дишните патишта, може да се појави инфекција.

Лекарите ја класифицираат кашлицата според нејзиното траење, па кашлицата може да биде:

Акутна, што значи дека трае помалку од три недели. Инфекциите, како што се настинки, синуситис или пневмонија, обично предизвикуваат акутна кашлица.

Субакутна, што значи дека трае помеѓу три и осум недели и обично се јавува по настинка или инфекција.

Хронична, што значи дека трае подолго од осум недели. Состојби како што се гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ), алергии, астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОПБ), белодробна фиброза може да предизвикаат хронична кашлица.

Колку ќе трае кашлицата, зависи од болеста.

COVID-19

Голем број на симптоми се поврзани со ковид, а еден од нив е и кашлицата. Досегашните студии покажаа дека симптомите на коронавирус, вклучувајќи сува кашлица, може да траат помеѓу две и три недели. Сепак, треба да се напомене дека некои пациенти немаат никакви симптоми, а кај некои пациенти симптомите можат да траат со месеци. Оваа состојба се нарекува долгорочен ковид.

Симптомите на долгрочен ковид може да вклучуваат замор, отежнато дишење, проблеми со спиењето, висока температура, гастроинтестинални симптоми, вознемиреност и депресија. Истражувачите сè уште не се целосно сигурни зошто некои луѓе немаат симптоми, додека други може да страдаат од оваа болест со месеци. Кашлицата поврзана со ковидот е сува, што значи дека нема слуз.

Секој што се сомнева дека можеби е заразен со коронавирус треба да остане дома, колку што е можно повеќе одвоен од другите членови на домаќинството и да се консултира со лекар за детални упатства.

Настинка

Типичните симптоми на настинка може да имаат различно траење. На пример, воспалено грло при настинка обично трае околу осум дена, главоболката трае помеѓу девет и десет дена, а затнат нос и кашлица може да траат повеќе од две недели.

Грип

Грипот може да предизвика широк спектар на симптоми, а исто така можат да траат различно. Повеќето симптоми, вклучувајќи висока температура, треска, болки во мускулите и воспаление на грлото, обично поминуваат за три до седум дена.

Некои други симптоми на грип можат да траат повеќе од две недели. Овие симптоми вклучуваат кашлица и замор, а овие симптоми обично траат подолго кај постарите возрасни лица и кај луѓето кои имаат хронично заболување на белите дробови.

Бронхитис

Акутна инфекција со бронхитис обично се појавува одеднаш и обично трае помеѓу три и десет дена. Сепак, кашлицата, која е еден од симптомите на бронхитис, може да трае со недели потоа.

Алергии

Кај луѓето кои страдаат од алергии може да се јави кашлица доколку биле изложени на алерген. Различни алергени можат да предизвикаат алергиска реакција, а некои од нив се чад, полен, прашина, влакна од домашно милениче итн. Кашлица поврзана со алергија обично се јавува кога лицето ги прочистува дишните патишта и повеќе не е изложено на алергенот.

Причини за продолжена кашлица

Понекогаш кашлицата може да трае подолго од два месеци, а тоа е она што лекарите го нарекуваат хронична кашлица. Хронична кашлица најчесто е предизвикана од астма, хроничен бронхитис, ГЕРБ, пушење. Понекогаш хроничната кашлица може да биде знак на посериозна состојба, како што се цистична фиброза, рак на белите дробови или хронично опструктивно белодробно заболување.

Можете да лекувате кашлица со лекови за кашлица без рецепт. Не заборавајте да пиете многу течности. Медот исто така може да ја ублажи кашлицата. Покрај тоа, избегнувајте алергени како што се чад, полен и прашина. Пушачите треба да престанат да пушат ако имаат кашлица.

Кога да се јавите на лекар?

Во повеќето случаи, кашлицата поминува сама по себе, но понекогаш продолжената кашлица може да биде симптом на посериозна состојба.

Треба да се јавите на лекар ако:

  • имате постојана кашлица која трае повеќе од осум недели по првичното заболување
  • имате постојана кашлица која постојано се враќа
  • имате постојана кашлица без други симптоми
  • имате постојана кашлица што доведува до појава на крв или црвена слуз.
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе