Какви санкции го очекуваат Путин ако ја нападне Украина?

Б.С.Б.
/ 27.01.2022 / 09:29

САД и Велика Британија соопштија дека ќе разгледаат воведување санкции против рускиот претседател Владимир Путин, особено ако Русија ја нападне Украина. Reuters пренесе какви би можеле да бидат.

Санкциите против поединец вклучуваат мерки како што се замрзнување на имот во странство и забрана за патувања. Воведувањето такви мерки против Путин, Москва веројатно би ги сметала за многу непријателски.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави во средата дека тоа би било „политички деструктивно“, а претходно соопшти дека тоа би одговарало за раскинување на дипломатските врски со Москва.

Во пракса, меѓутоа, тоа не би променило многу работи. Портпаролот на Кремљ изјави дека санкциите не би му наштетиле на Путин. Имотот на рускиот претседател се наоѓа во Русија и според тоа, надвор од досег. Неговата плата е во банка која е веќе под санкции.

Како и други руски функционери, Путин по закон мора да објави колку му изнесуваат приходите и имотот. Според последните официјално објавени податоци, Путин во 2020 година заработил 126.175 американски долари. Сопственик е на стан од 77 метри квадратни, три автомобили и приколка. Има гаража од 18 метри квадратни и стан од 153,7 метри квадратни.

Најгласниот критичар на Путин, Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, тврди дека Путин поседува многу повеќе од тоа и дека е сопственик на луксузна палата во близина на брегот на Црно Море.

Кремљ тоа го негира. Критичарите на Путин тврдат дека богатството му го чуваат лојални деловни луѓе. Кремљ и тоа го негира, пишува Reuters.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе