Засега се собираат податоци, но експертите велат дека многу луѓе очекуваат приближно слични реакции на новата бивалентна вакцина како што беше тоа со првата генерација вакцини против COVID-19.
„Не постои ништо поинакво од нуспојавите кои луѓето ги почувствуваа со претходните бустер дози“, вели за Bloomberg вирологот Ендру Пекосд за Школата за јавно здравје „Џон Хопкинс“.
Новите бустер дози направени од Pfizer и Moderna се бивалентни mRNA вакцини што значи дека содржат две различни компоненти од САРС вирусот кој предизвикува ковид. Една компонента му помага на телото да го препознае оригиналниот вирус, додека другата компонента мутацијата пронајдена во омикрон варијантата.
Сепак, дозата на вакцината во целина е иста како и претходните бустери, објасни Пекоз.
Бустер дозите не се „жива“ вакцина и не содржат ниту дел од заразниот вирус, наместо тоа содржат одредена компонента која помага имунолошкиот систем да го препознае вирусот и се бори со SARS-CoV-2. Моменталните нуспојави кои ги имаат луѓето по вакцинација вклучуваат температура, треска, главоболка и болки во телото и тие се имунолошки одговор на организмот.
Со оглед на тоа дека новите бустер вакцини содржат делови од најновите вирусни варијанти кои циркулираат, тие даваат најдобра заштита против тешките форми на болеста и секако од смртен исход.
Нуспојави од бустер дозата против ковид
Пекоз вели дека не е лесно тоа да се предвиди, но луѓето може да очекуваат како ќе реагираат на бустер дозата спрема тоа како реагирале на претходните дози вакцини против ковид.
Најчести нуспојави кај возрасните:
- Главоболка
- Умор
- Температура
- Болка на местото каде е примeна вакцината
Луѓето исто така пријавиле:
- Болка во мускули
- Треска
- Мачнина.