Камерон откри зошто чекаме толку долго за новите делови на „Avatar“

Изгледа дека режисерот Џејмс Камерон троши повеќе време зборувајќи за новите делови од „Avatar“ франшизата, отколку што троши за правење на истите.

Сепак, режисерот сака да ги направи новите продолженија на „Avatar“ подеднакво технички импресивни како оригиналниот филм.

Џејмс Камерон сака луѓето да го гледаат новиот „Avatar“ во 3Д технологија, но без 3Д очила. Вели дека заедно со неговиот тим работеле на технологија која им одземала година и пол, која е „досега невидена во филмскиот свет“.

„Снимаме под вода. Сите акциони и CGI сцени ќе бидат снимени под вода, користејќи ја оваа нова технологија која дозволува да го следиме движењето на актерите, што прави сликата да изгледа поубаво и помазно“, рече Камерон во интервјуто за Collider.

Тој вели дека ќе бидат потребни стотици камери за да може оваа технологија да се пренесе на филмското платно, но дека тоа не го загрижува, бидејќи имаат доволно буџет за ваков подвиг.

„Процесот е многу тежок бидејќи кога снимате под вода, самата вода дава ‘ефект на огледало’ и е исклучително тешко да се фати кадар каков што сакате. Фактички, кога ќе додадете вода на некој проблем, тој веднаш станува потежок. Но, вложивме многу енергија, технологија и труд во ова и сега конечно знаеме како ќе го снимиме филмот“, додаде тој.

Првото од четирите продолженија е закажано за премиера на 18 декември 2020 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе