Kardian е новиот теренец на Renault кој Европејците нема да можат да го купат

Renault во својата понуда го вклучи и новиот SUV наречен Kardian, но тој нема да се продава на европскиот пазар.

Повеќето автомобили, од „скромниот“ Mini до неверојатниот Porsche 911 Turbo, се продаваат во речиси иста форма низ целиот свет, но некои производители ги „кројат“ своите модели според регионите во кои ги продаваат. Меѓународните пазари, кои ги исклучуваат Европа и Северна Америка, генерално се фокусирани на буџетот, што може да значи дека купувачите добиваат возила од втор ред. Сепак, новиот SUV на Renault од B сегментот наречен Kardian изгледа доволно „кул“ за да се натпреварува со најдобрите во Европа, но нема да се продава на Стариот континент.

Купувачите во Јужна Америка ќе имаат можност први да го купат, а потоа ќе оди на други меѓународни пазари. Ова е првиот автомобил на Renault што е изграден на новата модуларна платформа, која може да се користи за сѐ, од мали теренци до пикапи.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Kardian е долг 4.119 мм, додека меѓуоскиното растојание е 2.604 мм, што значи дека е малку помал од европскиот Captur, но има слична линија на струг и поделен C столб. Дизајнот се разликува околу носот, Captur има конвенционални фарови со дневни светла во облик на канџи околу нив, додека Kardian добива поделени фарови и поголема, квадратна предна табла што му дава поголем „мачо“ изглед. Исто така, Kardian ветува дека ќе биде попрактичен благодарение на големите багажници на покривот кои можат да носат 80 кг товар, па дури и може да се откачат и да се постават попречно.

Иако изгледа поцврсто и има заштита на подвозјето, Kardian доаѓа само со погон на предните тркала. Го придвижува 1.0-литарски 3-цилиндричен турбо бензинец поврзан со автоматски менувач со двојна спојка DCT, кој развива 123 КС и 220 Nm вртежен момент.

Внатрешноста е многу слична на Sandero на Dacia, со 8-инчен инфозабавен систем, безжичен Apple CarPlay и посебна дигитална табла со инструменти. Опремен е со безбедносни системи како мониторинг на слепа точка, а има и систем за камери со повеќе прегледи. Приспособливата контрола на патувањето е достапна со автоматски систем за сопирање во итни случаи, како и помошен систем за тргнување по нагорнина.

Производството прво ќе започне во фабриката во Куричиба во Бразил, а потоа и во Казабланка, Мароко.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more
 

Автомобили

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе