УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Касано: Со или без Леао, Милан е инфериорен во однос на Интер

Легендата на Серија А, Антонио Касано, вели дека Интер би требал да игра со седуммина младинци за вечерва да загуби од Милан од реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите.

„Росонерите“ разочараа во првиот дерби дуел каде освен што загубија со 2:0 со голови примени уште во само 11 минути игра, туку и беа тотално надиграни од „Нераѕурите“. Отсуството на Рафаел Леао и раното напуштање на теренот на Исмаел Беннасер поради повреда го остави Стефано Пиоли без опции по десната страна, овозможувајќи му на Интер лесно да направи исчекор кон големото финале во Истанбул.

Говорејќи за BoboTV, поранешниот италијански репрезентативец Антонио Касано изјави дека Милан речиси и да нема шанси да го елиминира Интер.

„Интер треба да игра со седуммина играчи од примавера тимот (младинскиот тим под 19 години, заб. на прев.) за да биде елиминиран. А тука е и ризикот дека дури и тогаш Милан можеби нема да ги победи. Со Леао или без него, менува малку, Милан едноставно е инфериорен во однос на Интер. Португалецот не е Кака или Роналдињо, не го гледам на такво ниво“, анализира Касано.

Поранешниот контроверзен напаѓач во својата кариера играше за двата милански клуба и тоа една сезона по друга. Сезоната 2011/2012 ја одигра за Милан кога освои и Скудето, а наредната за Интер. Инаку е дете на Бари кое потоа се прослави во Рома, а играше уште и за Реал Мадрид, Сампдорија и Парма.

„Според мене, треба да се случи катастрофа за Интер да испадне. По првиот натпревар, настапите последниве месец дена и предноста од два гола, мое мислење е дека 'Росонерите' немаат никакви шанси. Можеби по којзнае кој пат ќе дадам погрешно предвидување...“

URL

Додека Милан се избламира викендов бележејќи мизерен пораз од 2:0 кај Специја, Интер го продолжи моментумот со 4:2 победа над Сасуоло.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе