Кристијано Роналдо со победата на Јувентус против Динамо Киев со 3:0 го постигна својот 750 гол во кариерата.

Тоа беше во петтото коло во групната фаза на Лига на шампиони, а Португалецот го постигна голот во 57. минута. По остварувањето на овој голем јубилеј, Роналдо на Twitter објави пост во кој им се заблагодари на сите тренери, соиграчи и навивачи.
Неговата објава ја споделија и некои од поранешните соиграчи, а најоригинален беше Икер Касиљас со кој Роналдо играше во Реал Мадрид од 2009 година до 2015 година.
„Само 750? Можеш ти и подобро“, напиша легендарниот фудбалер.
На објавата реагираше и Тони Крос, кој напиша: „Не е лошо, господине. Не е лошо“.
Пред Роналдо засега се само Пеле и Ромарио, како и Јозеф Бикан. Пеле има 767 гола, Ромарио 772 и Бикан со 805 погодоци.