Катица Јанева денеска ќе дава исказ во случајот „Рекет“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Рекет“ во кој исказ треба да даде обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева.

На вчерашното рочиште за предметот обвинетиот Бојан Јовановски, пред судот рече дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција не изнело ниту еден доказ и праша каде се доказите дека земал пари, дека трошел на џипови, гардероба, мебел, патувања и ја финансирал телевизија со пари земени од Орце Камчев.

Обвинителката Вилма Русковска, одговарајќи на новинарско прашање по рочиште ги отфрли како невистинити обвинувањата изнесени од – Боки 13 дека таа наводно давала информации за истраги. Таа кажа и дека има доказ оти од кај Орце Камчев торбата завршила во куќата каде што живеат родителите на Бојан Јовановски. -Тој доказ беше и презентиран и доставен до судот, рече Русковска.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски по изнесената одбрана на вчерашното рочиште посочи дека Обвинителството не извршило вештачење на мобилниот телефон. Дуковски ги негираше и тврдењата на Русковска која рече дека поседува фотографија како доказ оти торбата со наводните милион евра завршила во домот на семејството на Бојан Јовановски, ниту тие како одбрана имале увид во тој доказ. – Одговорно тврдам дека таква снимка не постои, рече Дуковски.

Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција во случајот „Рекет“ ги обвини Боки 13 и Катица Јанева  дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во предметот „Империја“. Третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец, пак, на првото рочиште за „Рекет“, што се одржа во декември, лани,  призна вина за делото „примање награда за противзаконито влијание“, по што беше осуден на три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе