Објавен е трејлерот за постапокалиптичната драма The Survivalist во која главните улоги ги толкуваат Џон Малкович, Руби Модин, Џонатан Рис Мејерс и други.
Премиерата е закажана за 1 октомври годинава. Мејерс толкува улога на поранешен ФБИ агент кој треба да заштити млада жена од лидер на банда, улога што ја толкува Малкович.
Дејството во филмот се одвива околу глобална пандемија којашто предизвикува колапс на општеството.
Мејерс толкува улога на поранешен ФБИ агент кој треба да заштити млада жена од лидер на банда (Малкович), кој ја сака жената за себе бидејќи таа има уникатен имунитет на вирусот кој го уништи светскиот поредок.
Трејлерот прикажува распаднат свет и битка меѓу Мејерс и Малкович на ранч. Во фокусот на овој конфликт е Сара (Модин) која изгледа како единствена надеж дека светот ќе се врати во нормала.