Ќе се објави оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското

Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава.

На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на еден од огласите за избор на јавни обвинители во ОЈО Битола – 2 места, ОЈО Велес – 1, ОЈО Гевгелија – 2, ОЈО Гостивар -3, ОЈО Дебар – 1, ОЈО Делчево – 1, ОЈО Кичево – 3, ОЈО Крива Паланка – 1, ОЈО Кочани – 1, ОЈО Куманово – 2, ОЈО Охрид – 2, ОЈО Прилеп -2, ОЈО Ресен – 1, ОЈО Свети Николе - 1, ОЈО Струга – 1, ОЈО Струмица – 1 и ОЈО Тетово – 6 места.

На овој избор нема да бидат објавени огласи за ОЈО Скопје, како и за ОЈО Берово, ОЈО Радовиш, ОЈО Кавадарци и ОЈО Штип.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолески, посочи дека освен Скопје и Радовиш, во сите останати обвинителства има голем недостиг на кадри и дека заедно со листата на кандидати, пред седницата до членовите на Советот им ја доставил и листата со потребите на сите јавни обвинителства во државата, согласно систематизацијата и пополнетоста. 

По објавувањето на огласите сите кандидати, кои ќе се пријават, ќе треба да поминат на интервју во Советот на јавни обвинители.

Согласно систематизацијата, заклучно со март 2022 година најкритична е состојбата во ОЈО Крива Паланка каде од потребните 1 + 2, нема ниту еден јавен обвинител, ОЈО Делчево, каде од 1 + 1 по систематизација, нема ниту едно пополнето место и ОЈО Свети Николе, каде од 1 + 1, слободни се двете позиции. 

Потоа следат ОЈО Гевгелија 1 + 3, од кои три се непополнети и ОЈО Прилеп каде од 1 + 7, слободни се четири, ОЈО Кичево 1 + 4, од кои три се слободни и ОЈО Тетово каде од 1 + 7 слободни се седум места.

Од останатите, во ОЈО Скопје треба да има 1 + 66 јавни обвинители, а слободни се шест места, во ОЈО Кавадарци 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Куманово 1 + 13, а слободни се четири места, ОЈО Велес 1 + 8, од кои три се слободни, ОЈО Битола 1 + 8, а слободни се две, ОЈО Охрид 1 + 7, од кои слободни се три места, ОЈО Ресен 1 + 1, а слободно е едно место, ОЈО Струга 1 + 4, од кои едно е слободно, ОЈО Гостивар 1 + 8 , каде два места се непополнети, ОЈО Дебар 1 + 1, од кои едно е слободно, ОЈО Штип 1 + 5 по систематизација, ОЈО Радовиш 1 + 1, ОЈО Берово 1 + 2, од кои две се слободни, ОЈО Кочани 1 + 5, од кои две слободни, ОЈО Струмица од 1 + 8, слободни се две места.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Македонија

Од полноќ пониски цени на горивата

Read more

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе
  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе