
„Avatar 2“ заработи 900 милиони на светско ниво, односно 56 милиони долари во текот на божиќниот викенд во Северна Америка.
Бруталната зимска бура од која се погодени САД и Канада го зеде данокот и влијае на северноамериканскиот бокс-офис. Филмските студија веќе бараат начини како да го надоместат изгубеното.
Avatar 2 заработи скоро 900 милиони долари на глобално ниво, по само две недели од премиерното прикажување. Се најде и на врвот на бок-офиост во САД и во Канада. Ќе успее ли да си ја врати титулата филм со најголема заработка?
На второ место е „Puss in Boots: The Last Wish“, со 11.3 милиони долари, додека на третото место е „Whitney Houston: I Wanna Dance with Somebody“ со 5.3 милиони долари. Биографскиот филм за Витни Хјустон заработи скромни 2.6 милиони долари на глобално ниво во првиот викенд на прикажување.