ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Кепа пристигна во Реал на позајмица, ќе го менува тешко повредениот Куртоа

Голманот на Челси, Кепа Арисабалага, и официјално стана нов член на Реал Мадрид. Кепа во мадридскиот клуб пристигна на позајмица која ќе трае до крајот на јуни следната година и ќе го замени повредениот Тибо Куртоа, кој поради скинати предни вкрстени лигаменти ќе отсуствува околу седум месеци.

Според договорот на двата клуба, позајмицата не вклучува опција за откуп, а Кепа по завршувањето на сезоната ќе се врати во Лондон. Шпанскиот голман имаше понуда и од Баерн, но на крајот реши кариерата да ја продолжи во мадридскиот клуб.

Тој официјално ќе биде претставен утре во 13:30 часот во Мадрид како ново засилување на Реал. Кепа (28) е член на Челси од 2018 година, а претходно настапуваше за Атлетик Билбао, Ваљадолид, Понферадина и Басконија.

URL

Минатата сезона бранеше на 39 натпревари за лондонскиот клуб, додека за шпанската репрезентација има настапено на 13 натпревари.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе