Кевин Спејси јавно се извини по обвиненијата дека пробал да заведе 14-годишно момче и призна дека е геј

Оскаровецот Кевин Спејси му се извини на актерот Ентони Рап кој ја обвини холивудската ѕвезда дека пробал сексуално да го искористи кога Рап имал 14 години.

Спејси рече дека не се сеќавал на случката која ја раскажа Рап и дека е „згрозен“ од приказната.

Ентони Рап рече дека Кевин Спејси пробал сексуално да го искористи во 1986 година, кога Рап имал 14, а Спејси 26 години.

Инцидентот наводно се случил на забава која се одржувала во куќата на Спејси. Рап вели дека му станало досадно, па отишол во спалната соба да гледа телевизија. По забавата Рап останал таму, а Кевин Спејси влегол во собата додека бил во алкохолизирана состојба, го фатил Рап во раце и го спуштил на креветот, по што се качил над него. Рап веднаш истрчал во купатилото, за веднаш потоа да ја напушти куќата на актерот.

Спејси вели дека не се сеќава на овој инцидент, но дека сите во неговиот живот знаат дека тој имал односи со мажи и жени во неговиот живот, и дека оваа приказна му помогнала да се соочи со себе и решил животот отсега да го живее како геј маж.

Ова е првпат Спејси јавно да признае дека е геј, иако медиумите често го шпекулираа тоа.

„Навистина сум свесен за времето во кое живееме и колку е важно да се кажат ваквите искуства, па затоа се надевам дека ова ќе направи разлика“, изјави Рап во интервјуто за BuzzFeed.

Ентони Рап вели дека бил охрабрен од жените кои излегле како жртви на сексуално насилство во случајот со Харви Вајнстин, па се решил и тој да истапи со оваа приказна.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе