Хаос во Реџана, дури 21 фудбалер заразен со COVID-19

Вкупно 27 лица од италијанскиот клуб излегле позитивни на тестирањета од кои дури 21 се фудбалери.

По Џеноа, короната со голем замав го нападна и второлигашот Реџана. Вкупно 27 лица се позитивни од кои 21 фудбалер и 6 членови на стручниот штаб. Досега тоа е најголема бројка на позитивни во еден клуб во Калчото, надминувајќи ја и Џеноа на Горан Пандев каде неодамна имаше вкупно 22 (17 играчи и 5 тренери).

Меѓу позитивните е и стратегот Масимилијано Алвини, како и неговиот прв помошник Монтањоло.

Со оглед на тоа што наездата на позитивни почна од средата, натпреварот на Реџана против Читадела, закажан за изминатиов викенд, беше одложен. Но, наредниот викенд нема да може по вторпат да одложат натпревар, па според правилата ќе мора да состават тим со останатите играчи плус оние од младинскиот тим. Тоа значи дека Салернитана би требало да има лесна задача в сабота.

Тимот од Реџо Емилија сезонава се натпреварува во Серија Би првпат по сезоната 1998/99 кога испадна. Претходно беше дел и од Серија А.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе