Хелсиншки комитет: Граѓаните може да ја тужат државата оти им е одземено правото на слободно движење поради новите документи

Граѓаните остануваат обесправени поради неорганизираноста на државата навремено да ги исполни обврските преземени со Договорот од Преспа и да организира издавање документи со новото уставно име. Ова ги погодува сите граѓани што немаат нови патни исправи, а особено оние чии документи се издавани на стари обрасци во периодот од 2019 до 2022 година, вели Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Оттаму потенцираат дека и покрај тоа што на 12 февруари беа изгласани измени на Законот за безбедност во сообраќајот, со што се продолжи важноста на возачките и сообраќајните дозволи, измените на Законот за патните исправи воопшто не беа ставени како точка на дневен ред на Собранието.

Според Хелсиншкиот комитет, сегашната состојба, каде што речиси половина од граѓаните немаат нови патни исправи и нема изглед дека набргу ќе ги добијат, е директна закана за остварувањето на правото на слободно движење.

„Ненаоѓањето законско или друго решение за излез од оваа состојба со невалидноста на патните исправи може да има сериозни финансиски импликации за државата. Имено, повредата на правото на слободно движење настаната со хаосот во обезбедувањето нови патни исправи, што не може да им се стави на одговорност на граѓаните, им дава многу цврста основа да ја тужат државата за повреда на нивните права и да ги добијат тие постапки во нивна корист“, велат од Хелсиншкиот комитет.

„За ова е пример и одлуката У. бр. 189/2012 од 25.6.2014 на Уставниот суд, со која судот укина неколку одредби од тогашниот Закон за патните исправи на граѓаните на Република Македонија. И во тој случај Владата го ограничила основното право на слободно движење повикувајќи се на меѓународни договори. Но, Уставниот суд оценил дека во никој случај оваа причина не може да се смета како основа за ограничување на слободното движење на граѓаните, што би значело повреда на нивните основни човекови права.

Дополнително, државјаните на Република Северна Македонија се погрешно информирани за можностите за патување со патен лист издаден од дипломатските и конзуларните претставништва на државата во странство. Вистината е дека тој документ им важи само еднократно – тие може непречено да дојдат во земјата, но нема да може да ја напуштат државата, односно нема да може да патуваат надвор од државата сè додека не извадат нова патна исправа.

Дополнително, покрај убедувањето на надлежните дека функционира бесплатното телефонско и електронско закажување за почнувањето на постапката за вадење документи – тие се надвор од функција.

Ова е јасен приказ на негрижата на државата за заштита на правата и слободата, истовремено со исполнување на меѓународните спогодби, а чии последици ги сносат самите граѓани. Очекуваме одговорноста да је понесат сите надлежни државни органи и лица на раководни места во тие органи што доведоа до оваа состојба“, се додава во соопштението на Хелсиншкиот комитет за човекови права, од каде што апелираат Министерството за внатрешни работи да ги преземе сите мерки за ефикасно и брзо издавање нови пасоши и на тој начин да престане повредувањето на основното човеково право на слобода на движење.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе