Хелсиншки: Системот не им дозволува на Ромите да излезат од маргините на општеството

Скопје, 8 април 2022 (МИА) – Вкоренетиот расизам е во сржта на повеќекратната дискриминација со која Ромите секојдневно се соочуваат и таа се согледува и во односот на институциите кон нив, но и во третманот кој го добиваат од страна на општеството во целина. Токму расната дискриминација е клучниот проблем поради кој, децении наназад, сите посебни политики и мерки наменети за оваа заедница остануваат половични, недоволни и неефективни во пракса, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Последниот случај со плановите за иселување на Ромите од прифатниот центар во Визбегово, како што истакнуваат од комитетот, покажува ригидно толкување на законските одредби и со тоа што нивните деца конечно се вклучиле во образованието, а мал дел од родителите започнале самостојно да заработуваат, се смета дека овие семејства излегле од состојба на социјален ризик, иако нерешеното домување и нивното евентуално враќање на улица ќе значи поништување дури и на овие мали чекори напред.

Факт е дека голем број ромски деца се исклучени од образовниот процес, а тие кои посетуваат настава честопати се соочени со сегрегација во образовните установи. Хелсиншкиот комитет реагираше на овој проблем со поднесување тужба од јавен интерес за заштита од дискриминација (actio popularis) поради сегрегирање на ромските деца во во две основни училишта во Битола и Штип. Судската постапка е во тек, но со големи паузи помеѓу рочиштата, што укажува на задоцнета заштита и говори за односот на правосудните органи кон проблемите на оваа заедница, потенцираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Здравствената заштита е исто така право од кое Ромите често се лишени. Иако Комитетот за елиминација на сите облици на дискриминација врз жените при ООН утврди дискриминација при пристапот на сексуални и репродуктивни права на Ромки и препорача соодветно буџетирање и пристап за здравствени услуги за овие жени, токму овие програми сега се соочуваат со кратење на финансиите, што дополнително ќе ја влоши и онака неповолната состојба.

Расното профилирање на Ромите и понатаму останува клучниот фактор кој го спречува еднаквиот  пристап до добра и услуги, предизвикува случаи на полициска бруталност и го цементира нивниот маргинализиран статус во општеството. Токму поради сето ова, сметаме дека реални подобрувања се можни само преку значителна промена на односот на државните органи кон оваа заедница. Само со системски промени се гради целосна инклузија и подобро општество, информираат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе