Хелсиншки: Внесувањето графа за етничка припадност го подрива граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот

Внесувањето графа за етничка припадност го редефинира значењето на личната карта со тоа што го подрива граѓанскиот идентитет за сметка на етничкиот и ја предизвикува интеграцијата на државата во Европската Унија заради тоа што ниту една земја членка на Унијата нема воспоставено ваква практика, се вели во правниот осврт и мислење на Хелсиншкиот комитет за човекови права во однос на предлогот за додавање графа за етничка припадност во личните карти на граѓаните.

Од Хелсиншкиот комитет, посочуваат дека актуелната јавна дебата по предлог-измените на Законот за личната карта, со кои се предвидува внесување на етничката припадност на граѓаните во личните карти, отворил значајни прашања од општествен, уставен и интеграциски карактер.

– Споредувајќи ги податоците во личните карти на граѓаните-државјани на 134 држави во светот, компаративните искуства укажуваат на негативните импликации на внесувањето етничка или религиска припадност во личните карти. Поради ова, повеќе држави во годините наназад или целосно го напуштија овој пристап, или го направија опционално внесувањето на етничката припадност во личните карти, односно оставија на граѓаните да одлучат дали етничката припадност ќе биде внесена во нивната лична карта. Сепак, имајќи ја предвид стратешката определба на Република Северна Македонија за полноправно членство во Европската Унија, повторно е потребно да се нотира фактот дека ниту една земја членка не предвидела внесување на етничката припадност во личните карти на нивните граѓани, се вели во правниот осврт и мислење објавено на веб-страницата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во насока на доследно почитување и исполнување на темелната уставна вредност за соодветната и правична застапеност на граѓаните во органите на државната власт и другите јавни институции на сите нивоа, во правната анализа се посочува дека македонското општество на располагање има низа начини за подобрување на состојбите кои треба да започнат од образованието, економијата и социјалната политика, а без притоа да се задира во уставната темелна вредност на слободното изразување на националната, односно етничка припадност.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе