Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес, откри колку „Баварците“ го платиле трансферот на Хари Кејн летоска.
Трансферот на Англичанецот беше најголем во летниот преоден рок. По долги и исцрпувачки преговори, Баерн успеа да постигне договор со Тотенхем.
Медиумите шпекулираа со сумата која ја заработи Тотенхем. Колку точно изнесувал трансферот, откри Хенес.
„За Кејн потрошивме 95 милиони евра“, изјави Хенес.
Кејн во Баерн продолжи онаму каде што застана во Тотенхем, во првите седум кола има постигнато 8 гола.
Баерн по седум кола во Бундеслигата е на третото место со 17 бодови. На табелата пред баварскиот клуб се Штутгарт и лидерот Баер Леверкузен.