Хенкок: Новиот вид на коронавирус е надвор од контрола

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, денеска изјави дека новиот вид на коронавирус е „надвор од контрола“, со што го оправда затворањето на Лондон и на дел од јужна Англија, што може да потрае сè додека не се вакцинира населението.

-За жал, новиот вид е надвор од контрола. Треба повторно да ја воспоставиме контролата, а тоа е можно само со ограничување на социјалните контакти, изјави Мет Хенкок за Sky News.

„Ќе биде многу тешко вирусот да се држи под контрола сè додека населението не се вакцинира“, додаде тој.

Конзервативната влада на Борис Џонсон вчера прогласи карантин за Лондон и за југоисточниот и источниот дел на Англија, принудувајќи повеќе од 16 милиони жители да бидат дома и да се откажат од дружења за Божиќ.

Затворени се сите продавници што не продаваат храна и основни продукти и забрането е патувањето надвор од овие зони, во другите делови на Велика Британија или во странство. Баровите, рестораните и музеите се затворени од средата.

-Ова е голем предизвик сè додека населението не се вакцинира. Во следните неколку месеци ние ќе се бориме против овој предизвик, предупреди Ханкок.

Велика Британија ја извести Светската здравствена организација (СЗО) дека новиот вид на коронавирус се шири побрзо, дури и „до 70 проценти“, рече премиерот Борис Џонсон.

Низ светот претходно веќе се откриени и пријавени мутации на вирусот SARS-CoV-2.

Владиниот научен советник, Патрик Валенс, вчера изјави дека новиот вид на коронавирус, освен што се шири побрзо, станува и „доминантна“ форма што доведе до „нагло зголемување“ на хоспитализациите во декември. 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе