Хонгконг: Ги врзуваат за кревет бебињата и децата во изолација

Здравствените власти во Хонгконг применуваат врзување за кревет на бебиња и деца кои се во изолација, додека сѐ погласни се критиките за психолошките последици од ваквите драстични мерки за борба против коронавирусот.

Иако е еден од најгусто населените градови во светот, оваа поранешна британска колонија генерално успеа да воспостави контрола над пандемијата.

Хонгконг досега има регистрирано 11.000 инфекции со коронавирусот и 200 смртни случаи, а тоа здравствените власти тоа го постигнаа со некои од најдрастичните мерки во светот. Секој кој има позитивен тест за коронавирус, веднаш оди во изолација во болница, без разлика дали има симптоми или не, а оние што се сметаат за „блиски контакти“ се испраќаат на две недели во карантински кампови, контролирани од властите.

Повеќето луѓе, откако ќе влезат на територијата на Хонгконг, треба да одат во тринеделен карантин во специјално назначени хотели на свој трошок.

На социјалните мрежи има сè повеќе критики за практиката на одделување на децата од нивните родители во оддели за изолација, така што мајките не можат повеќе да ги дојат бебињата, а децата мора да бидат врзани за кревет за да бидат на едно место.

Владата на Хонгконг оваа недела постојано се обидуваше да ги оправда своите политики, вклучително и практиката на врзување деца.

„Генерално, болницата ќе размисли за примена на физички ограничувања на педијатриски пациенти само заради безбедност и благосостојба на пациентите“, соопшти синоќа болничката управа, додавајќи дека за тоа е потребно „одобрување од родител или старател“.

Се додава дека на родителите кои имале негативен тест за коронавирус обично им е дозволено да бидат со заразени деца во единиците за изолација доколку има простор.

Но, како што забележува France Press, тоа не е секогаш така. Постојат примери на самохрани родители кои не се на исто место со своите деца и можат да комуницираат со нив само по телефон.

Конзулатите на Швајцарија, Велика Британија и САД изразија загриженост во последните денови за психолошките последици кај децата од овие драстични мерки.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе