УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ ФАЈНЛФОР 2023 - ХОЛАНДИЈА

Хрватска на Лалињата им прекина низа долга 23 години

Со синоќешната победа во полуфиналето од Лигата на нации во Ротердам репрезентацијата на Хрватска ѝ сруши силна традиција на Холандија.

Натпреварот се играше на стадионот „Де Кујп“, а Холанѓаните не го имаа одбрано туку-така. Имено, на овој стадион „Лалињата“ немаа пораз неверојатни 8.281 ден, или поедноставно - 23 години.

Дека традицијата не игра на теренот, и дека постои за да биде срушена, се погрижија „Ватрените“ кои, иако на продолженија, сепак успеаја да триумфираат. Не само што ја го срушија митот за непобедливоста на Холандија на „Де Кујп“, туку и им ги скратија надежите за триу,мф во Лигата на нации на домашен терен. Холандија е организатор на фајнлфор турнирот.

Последен пат кога Холандија загуби на овој стадион беше на 11 септември 2000 година во квалификациите за Мундијалот 2002 во Јужна Кореја и Јапонија. Тогаш Португалија славеше со 2:0, а Холандија одигра очајни квалификации и не се пласираше на завршницата.

Дека и самите играчи биле свесни за статистиката, говори изјавата на Френки де Јонг:

„Бевме свесни за таа статистика. Штета што е готово, но мораше еднаш да се случи. За жал, тоа беше вечерва“.

реклама

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Read more
Маж облечен како Фреди Кругер уби пет луѓе во САД

Маж облечен како Фреди Кругер уби пет луѓе во САД

Read more
Притворени двајца тетовци за поседување наркотици и оружје

Притворени двајца тетовци за поседување наркотици и оружје

Read more

Xiaomi ја претстави серијата Mi 10T: Смартфони со одлична батерија и врвни перформанси

Read more

Фудбал

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Read more

Започнува нокаут фазата од ЛШ, дербито вечерва го играат Сити и Реал

Read more

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Read more

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Read more
 

Спорт

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Читај повеќе

Колина предлага револуционерно правило кое засекогаш ќе ги промени пеналите

Читај повеќе

Јончевски го објави списокот за натпреварите со Естонија и Полска

Читај повеќе

Кајри и Јанг ќе настапат на Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

Започнува нокаут фазата од ЛШ, дербито вечерва го играат Сити и Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Ноќта што сите ја чекаа: Дончиќ дебитираше за Лејкерс во триумфален почеток на новата ера

Читај повеќе

Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е Скудетото

Читај повеќе

Адетокумбо ќе го пропушти Ол-стар натпреварот

Читај повеќе

УЕФА му забрани на Баерн да носи црвени дресови во Лигата на шампиони

Читај повеќе