Хрватска за ЕУРО ќе се подготвува против Македонија во Риека

Филип Здравески
/ 28.12.2023 / 10:39

ФФМ објави дека Македонија ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска на 3 јуни на гости.

Натпреварот ќе биде дел од подготовките на „Ватрените“ за настапот на ЕУРО 2024 во Германија, каде се во група со Шпанија, Италија и Албанија.

„Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари“, изјави селекторот Благоја Милевски, кој синоќа го продолжи договорот со ФФМ.

„Македонија ни е одличен противник во таа прва фаза од подготовките за ЕУРО. Тоа е репрезентација која есенва ремизираше дома со Италија и Англија, што покажува дека ни претстои вистински тест преку кој ќе дознаеме каде сме во тој момент и што треба уште да работиме пред да заминеме во Германија. Со оглед на подготовките во Риека, сакавме да играме на 'Рујевица' за да избегнеме дополнително патување, па овој договор исполнува сѐ што сакавме од тој прво натпревар во јуни“, изјави селекторот на Хрватска, Златко Далиќ.

Натпреварот ќе се игра на 3 јуни во Риека на стадионот „Рујевица“, кој е со капацитет од 8.191 човек. Овој стадион е дом на клубот Ријека, каде своевремено настапуваше поранешниот капитен Стефан Ристовски, кој за жал нема да биде во можност да игра со Македонија пред риечани бидејќи се повлече од репрезентацијата бојкотирајќи го селекторот.

Македонија и Хрватска досега се имаат сретнато 8 пати, а скорот е во корист на Хрватите кои имаат 5 победи, ние имаме 1, а 2 натпревара завршиле нерешено. И гол-разликата 12:9 е во корист на Хрватите. Последен пат игравме во 2012 година.

Хрватска првиот натпревар на ЕУРО 2024 го игра на 15 јуни против Шпанија.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе