Хуманоидни роботи ќе работат во фабриката на BMW

BMW наскоро ќе вработи хуманоидни роботи во една од своите фабрики.

Станува збор за роботи Figure 01 изработени од компанијата Figure, сите со цел учење и извршување на одредени задачи.

Откако тестирањето на учењето на новите задачи се покажа успешно, BMW одлучи да ги додаде овие роботи на својата работна сила во фабриката за производство на возила.

Figure го заинтригира светот кога го претстави својот хуманоиден робот и плановите за иднината во октомври 2023 година, а пред само две недели компанијата објави на својот официјален канал на YouTube видео од роботот Figure 01 во акција, односно извршува една од наједноставните задачи - правење кафе во наменски апарат.

Од компанијата велат дека нивниот робот ја научил оваа задача исклучиво гледајќи видеоклипови, и дека му биле потребни 10 часа за да се совлада оваа вештина. Исто така, Figure 01 е способен да ги исправи своите грешки, како што е попрецизно вметнување на капсулата во машината за кафе.

Секако, далеку поважната вест е што BMW одлучи да го вработи Figure 01 во својата фабрика во Јужна Каролина, а роботите веќе започнаа со обука и се очекува да бидат меѓу вработените во наредните месеци.

Целта на роботите е да преземат некои поедноставни задачи за луѓето да можат да се фокусираат на поважни задачи, а ќе биде многу интересно да се види како тоа ќе влијае на севкупната ефикасност.

За жал, сè уште не е познато какви задачи ќе извршува Figure 01 во фабриката на BMW.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе