Ким Џонг Ун гледаше балет на Чајковски во Русија

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на изведбата на балетот „Трнорушка“ на Пјотр Илич Чајковски во Русија и беше импресиониран, објави радиото „Гласот на Кореја“.

„Ким Џонг Ун ја пофали сценската изведба, која сликовито ја демонстрираше моќта на балетот преку прекрасни и извонредни уметнички слики и ја изрази својата длабока благодарност до изведувачите и персоналот на театарот“, објави радиостаницата.

Балетот се одржа вчера во филијалата на театарот Марински во руското пацифичко пристаниште Владивосток.

Рускиот амбасадор во Северна Кореја, Александар Масегора, претходно изјави дека Ким изразил желба да присуствува на настапот бидејќи „многу ја сака уметноста“.

„Трнорушка“ имаше премиера во огранокот на театарот Марински во Владивосток во 2017 година.

Претходно вчера Ким му се придружи на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на аеродромот Кневичи во близина на Владивосток, каде што ги прегледа модерните руски воени авиони.

После тоа, севернокорејскиот лидер ја посети фрегатата на Пацифичката флота Маршал Шапошников. Ким е во Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин. Во средата тие разговараа на космодромот Восточни на кои учествуваа делегации од нивните земји, а се сретнаа и приватно.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе