Ким Џонг Ун лансираше шпионски сателит во орбитата

Макфакс
/ 22.11.2023 / 09:13

Јужна Кореја денеска одлучи да суспендира дел од воениот договор што го потпиша со Пјонгјанг во 2018 година, откако Северна Кореја ги игнорираше предупредувањата од САД и нивните сојузници и лансираше шпионски сателит. Северна Кореја објави дека вчера успешно го лансирала својот прв шпионски сателит во орбитата и вети дека ќе лансира уште повеќе во блиска иднина.

Фотографиите објавени од севернокорејските државни медиуми се чини дека покажуваат дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го гледа лансирањето на ракетата. Официјални лица во Јужна Кореја и Јапонија, кои први го пријавија лансирањето, не можеа веднаш да потврдат дали сателитот е во орбитата. Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг рече дека американската војска се уште проценува дали лансирањето било успешно.

Јужнокорејскиот премиер Хан Дак-су во средата одржа состанок на владата, по што најави дека владата ќе продолжи со процесот на суспендирање на дел од меѓукорејскиот пакт. Претседателот Јун Су-јол е во Обединетото Кралство во државна посета и претходно водеше состанок на Советот за национална безбедност преку видео врска со некои министри и шефот на националното разузнавање.

Пактот, познат како Сеопфатен воен договор чија цел е намалување на тензиите на Корејскиот полуостров, беше потпишан во 2018 година на состанокот меѓу поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Двете страни се договорија за формирање на тампон зони во кои ќе бидат прекинати воените вежби со воено оружје, договорени се зони за забранети летови, како и отстранување на некои стражарски места од демилитаризираната зона што ги дели двете држави и одржување на телефонски линии.

Но, договорот наиде на критики од критичарите кои повикаа да биде укинат или суспендиран. Според нив, пактот ја ограничува способноста на Сеул да ги следи дејствата на Северна Кореја околу границата. Советот за национална безбедност на Јужна Кореја соопшти дека потегот ќе опфати продолжување на операциите за извидување и надзор долж воената демаркациона линија меѓу земјите.

Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА објави дека сателитот Malligyong-1 бил лансиран со ракета Chollima-1 од станицата за лансирање Сохае доцна навечер по локално време, или попладнето по средноевропско време, и влегол во орбитата во 22:54 часот по локално време, или 14:54 часот по средноевропско време.

Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Ејдриен Вотсон, лансирањето го нарече „безобразно кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“ и рече дека тоа „ги зголемува тензиите и го зголемува ризикот од дестабилизација на безбедносната ситуација во регионот и пошироко“.

Вчерашното лансирање беше прво откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со Владимир Путин во најсовремениот руски вселенски објект во септември, состанок на кој рускиот претседател вети дека ќе му помогне на Пјонгјанг во изградбата на сателити.

Јужнокорејските власти соопштија дека најновиот обид за лансирање најверојатно вклучувал техничка помош од Москва како дел од растечкото партнерство во кое Северна Кореја испратила милиони артилериски гранати во Русија. Русија и Северна Кореја негираа дека спроведоа договори за оружје, но јавно ветуваат подлабока соработка.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека верува оти најновата ракета носи извидувачки сателит и дека била лансирана кон југ.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе