Ким Џонг-ун се расплака пред жените: Раѓајте уште деца, ве молам

МАКФАКС
/ 06.12.2023 / 15:22

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата.

На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг Ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.

„Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се сите наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, рече тој, цитиран од новинската агенција Reuters.

Ова се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот Ким Џонг Ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“.

Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким рече: „Секогаш мислам на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.

URL

Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на наталитет во Северна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е повеќе во однос на некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на наталитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година.

Стапката на наталитет во Јапонија падна на 1,26.

Северна Кореја има околу 25 милиони жители. Изолираната земја се соочува со сериозен недостиг на храна поради смртоносниот глад во 90-тите и други природни катастрофи.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе