Кина и Иран им порачаа на САД: Оставете го народот да дише

Кина и Иран денеска го осудија расизмот и полициската бруталност во САД.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лиџијан изјави дека протестите во повеќе американски градови уште еднаш покажуваат на расна дискриминација во САД, на сериозни проблеми од насилните полициски мерки и на итноста за решавање на тие проблеми.

Тој го спореди насилството во САД со минатогодишното насилство во Хонгконг, како реакција на ширењето на влијанието на Пекинг.

Џао истакна дека одговорот на САД на демонстрациите против полициската бруталност е „училишен пример на нивните двојни стандарди“ што ги применуваат во светот.

– Зошто САД ги третираат како херои заговорниците на насилство и така наречената независност на Хонгконг, а ги нарекуваат бунтовници тие што го осудуваат расизмот, посочи Џао.

Тој додаде дека Кина се надева оти САД ќе ги зачуваат и гаранитираат правата на етничките малинства.

И Иран денеска ја повика Владата и полицијата на САД да го запрат насилството врз сопствениот народ во реакцијата на протестите што избија по убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.

– До американските претставници и полицијата. Запрете го насилството против сопствениот народ и дозволете да дише, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Тој испрати и порака до Американците, во која истакнува дека „светот стои зад нив“.

– Смртта на Флојд предизвика протести ширум САД, но и во светот откако беше објавена снимка како полицаец со колено го притиска Флојд на вратот речиси девет минути, додека тој предупредува дека не може да дише.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе