Кина и комунизмот: Како една партија владее 70 години?

Од 1 октомври 1949 година, со Кина владее само една партија- Комунистичка партија.

Партијата ја води земјата од ерата на Мао до денес, во кое Кина стана светска економска сила, но, на тој пат не толерира никаква опозиција, а секое поинакво мислење се смета за државен удар.

Народната Република Кина слави 70- годишнина од основањето, а BBC анализира каква е улогата на партијата.

Де факто еднопартиска држава.

Водечката улога на партијата е запишана во Уставот и додека формално постојат неколку помали партии, сите се должи да ги почитуваат комунистите. Под водство на основачот Мао Це Тунг (Мао Ѕедонг) партијата спроведуваше строг, тоталитарен социјализам. Но, после смртта на Мао во 1976 година, земјата полека почна да се развива благодарение на реформите на Денг Сјаопинг. Актуелниот претседател Сји Ѓинпинг на власт дојде во 2012 година и за време на неговиот мандат Кина стана светска сила.

Пирамида која ја контролираат од врвот

Околу седум проценти од населението во Кина е зачленето во партијата. Припадност кон партијата е предуслов доколку граѓаните сакаат да напредуваат во кариерата- без разлика дали станува збор за политика, бизнис или во сфера на уметноста.

Доколку некој се изрази несовесно, или каже било што против партиските начела, мора да се извини јавно, за да избегне казна или да биде прогонет.

Системот функционира така што партиските организации бираат претставници за повисоко ниво. Во националниот партиски конгрес ги бират членовите на централниот комитет. На самиот врв е претседателот Сји Ѓинпинг.

Контрола над сите институции

Комунистичката партија има контрола над сите државни тела во републиката, вклучително и на војската и полицијата. На врвот е политичкото биро кое се грижи за партијата, а истовремено ги контролира трите важни тела:

1. Државниот совет

2. Централната воена комисија

3. Парламентот

Цврста рака

Политичката партија не толерира поинакво мислење. Не постојат опозициски партии и оние кои ја критикуваат власта ризикуваат да бидат прогонети од државата.

Нема знаци дека репресијата кон оние кои се дрзнуваат да проговорат против власта ќе престане. Во владеењето на Сји, кршењето на човековите права станаа уште побројни.

Од казните не се поштедени ниту високите партиски функционери. Бо Силаи, поранешен влијателен лидер на регионалната партиска организација, пред 6 години беше осуден за корупција и доби казна доживотен затвор.

Кинеската власт тврди дека ги почитува човековите права, а се брани дека искоренувањето на сиромаштијата е поважно од индивидуалната слобода.

Власта ги контролира медиумите и интернетот, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Пристапот до Facebook е ограничен.

Цврста контрола на медиумите ѝ помогна на партијата да задржи висок рејтинг на јавното мислење.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе