Кинескиот ZTE прогласен за „безбедносен ризик“ во Велика Британија

Британската единица за сајбер-безбедност ги предупреди телекомуникациските компании дека не треба да соработуваат со кинескиот производител ZTE, поради потенцијалното загрозување на националната безбедност.

Во САД веќе е издадена седумгодишна забрана за продажба и употреба на уреди произведени од ZTE, поради одбивањето на компанијата да се ослободи од вработените кои продаваа американска технологија и чувствителни информации на Иран и Северна Кореја.

Компанијата веќе ја запре продажбата на акции во Хонгконг и Шенжен уште денеска, откако САД ја издаде забраната, додека од Пекинг предупредија дека „ќе ги заштитат домашните компании, ако е тоа потребно“.

„Ризикот на националната безбедност  кој го претставува користењето на уредите на ZTE во телекомуникациите не смее да биде превиден, па затоа решивме да преземеме мерки“, стоеше во соопштението на британската единица за сајбер-безбедност.

Според Financial Times, компаниите кои го користат мрежното покривање на британските телекомуникациски провајдери користат опрема на кинескиот производител Huawei, па соработката со уште една компанија од истата земја би можела да биде ризична, посебно во овој момент кога помеѓу Кина и западните земји се води трговска војна.

ZTE во март 2017 година се изјасни како виновник и ги прифати обвиненијата дека незаконски испраќал американска технологија во Иран и Северна Кореја. Дел од спогодбата беше ZTE да преземе мерки со кои ќе се казнат вработените кои биле дел од овој скандал, но наместо тоа компанијата проба да ги прикрие нивните идентитети и да го заташка случајот.

реклама

Вести

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе