Клинтон го обвинува FBI за изборниот пораз

Кандидатката на што туку завршените избори за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, го обвини директорот на Федералното биро за истраги (FBI) Џејмс Коми, за поразот на изборите кој не го очекуваше, во телефонски разговор со најголемите донатори, објавија двајца учесници на разговорите.

Најголемиот број од анкетите предвидуваа победа на Хилари Клинтон на 8-ми ноември. Меѓутоа, нов претседател на САД стана кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, што претставуваше шок за многу Американци кои покренаа протести против неговиот избор.

Клинтон не се појавуваше во јавноста по говорот во средата утрото во кој го призна изборниот пораз. Поранешната прва дама и државна секретарка на донаторите во саботата им кажала дека нејзиниот тим ги анализирал предизборните анкети и заклучил дека пресвртница претставувало писмото на директорот на FBI, за повторно отворање на истрагата во врска со нејзината електронска пошта од приватните сервери и адреси за службена комуникација.

„Постојат многу причини поради кои овие избори не беа успешни…Според нашето мислење, писмото на Коми за обновување на истрагата предизвика сомневања, кои беа неосновани и ги попречија нашите активности“, рекла Клинтон во саботата на прошталната средба со некои од донаторите, дознава весникот The Washington Post.

Според агенцијата Reuters, Клинтон во некои телефонски разговори истакнала дека писмото на Коми за покренување нова истрага за користењето на нејзината електронска пошта, предизвикало пад на поддршката на средниот запад на САД, рекле изворите.

Коми десет дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора истрагата за тоа како во тоа време според повеќето анкети водечката кандидатка за Белата куќа ја користела приватната електронска пошта додека била државна секретарка, по откривањето на нови преписки кои изгледале важни.

Потоа на два дена пред изборите објави писмо до пратениците во кое вели дека проверката на новооткриената електронска пошта на Клинтон не го променила заклучокот на FBI дека не постои причина за кривично гонење на Клинтон поради употребата на приватниот сервер.

Клинтон на донаторите им рекла дека Трамп ги искористил двете писма на Коми за напади врз неа. Иако ѝ е мило што второто писмо ја ослободило од вина, Клинтон смета дека тоа го зајакнало уверувањето на гласачите на Трамп дека системот е наместен во нејзина полза и ги мотивирало да излезат на избори.

„Тие пресвртни настани на крајот од кампањата биле премногу за нас“, било наведено во анализата изборните анкети и на поразот од страна на тимот на Клинтон.

Портпаролот на FBI не бил достапен за коментар.

Денис Чанг, финансиски директор на кампањата на Хилари Клинтон, изјавил дека Демократската партија и изборниот тим собрале повеќе од 900 милиони долари од околу три милиони донатори, рекле учесниците во споменатите разговори.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе