УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Клоп: Поддржував ВАР, ама после ова...

Ливерпул ја заврши групната фаза во Лигата на шампиони со ремито против дански Мидтјиланд (1:1), а по натпреварот, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, најмногу зборуваше за ВАР.

Имено, специјалната технологија беше вклучена во натпреварот повеќепати, со многу долги паузи, што е причината зошто Клоп сѐ помалку ја поддржува нејзината примена.

„Сето тоа трае предолго. Не отидов да ја проверам точноста на одлуките, но секоја беше проверувана по пет минути, а надвор е ладно. Веќе можам да видам дека луѓето ќе се чудат што зборувам за ова, но проверките беа навистина долги и беше ладно надвор, и тоа воопшто не ни помогна. Јас бев еден од оние кои ја поддржуваа ВАР, ама после ова вечерва не сум веќе сигурен. Сега ја имаме и мора да се носиме со тоа“, изјави Клоп по натпреварот.

ВАР се вклучи трипати

ВАР прво интервенираше на пеналот на Данците кога голманот Келехер направи фаул над домашниот напаѓач Дрејер. Судијата најпрво покажа офсајд, но по долго разгледување на репризата, досуди дека нема офсајд и покажа на пенал со кој израмни Мидтјиланд. Уште поголема пауза видовме кога Шолц погоди за водство на данскиот тим, но ВАР сепак покажа дека еден од домашните играчи бил во офсајд. Уште една долга пауза видовме по голот на Минамин што првично беше поништен поради офсајд. ВАР покажа дека напаѓачот на Ливерпул не бил во недозволена позиција, но дека Мане играл со рака во градењето на акцијата, иако не изгледаше дека има снимки што стопроцентно го докажуваат ова.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе